Press "Enter" to skip to content

Битолчаните “CODE 369“ и Бобан Мирковски вечерва со концерт на отворено во Битола

Битолчаните “CODE 369“, кои неодамна потпишаа договор со една од најреномираните дискографски куќи Кроација рекордс, конечно пред битолчани и тоа во рамките на “Бит фест“. На концертот кој ќе се одржи вечерва на платото пред Офицерскиот дом, со почеток од 21.30, специјален гостин ќе биде Бобан Мирковски.

При потпишувањето на договорот со “Кроација рекордс“ во Загреб, тие го снимија и првиот сингл на хрватски јазик со наслов “Права љубав“. Тој зборува за безвременоста и бесконечноста на искрените чувства и несебичноста. Албумот “Stages of Love“ е првиот албум кој го создадоа и снимија како “КОД 369“ и истиот наскоро ќе биде издаден од страна на “Кроација Рекордс“.

“КОД 369“ е формиран во 2020 година. Членови на бендот се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Коста Стеваноски (бас гитара, клавијатури). “КОД 369“ се продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на “Памперс“ (Ирена Димовска, Даниел Митревски и Иле Лулевски).

Првиот сингл е со наслов „Остани до крај“, а вториот  “Butterflies” е сага и инспирацијата за секој уметник кој сака своите дела слободно да ги твори и да ја подели својата креативна сила за доброто  на сите.

 
More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »