-Гости на промоцијата во Офицерски дом во Битола беа битолчаните Вевки Амедов и Сефејдин Бајрамов.
Синоќа на платото на Офицерски дом во Битола се одржа втората вечер од 16 издание на фестивалот на музика и традиција „Локум фест“ и беше промовиран латино албумот “Монастир“ на американката Сара Ароесте, посветен на Битола.Гости на промоцијата беа музичарите Шаи Бакар, Мајан Доари, Шаи Шавит од Израел и Вевки Амедов Сефејдин Бајрамов од Битола, Хелена Суша од Македонија.
Сара Ароести е позната латино музичарка која живее во Њујорк, САД. Ја нарекуваат “еврејската Шакира“. Со потекло од Битола таа во голем дел од своите песни пее за родниот крај. На “Локум фест“ настапи со традиционална песна “Од Битола појдов“ која ја пее на македонски јазик. Истата ги слави жените од Битола, а снимена е минатото лето во дворот на куќата не нејзиното семејство пред Втората Светска војна.
На битолски Широк Сокак има една преубава голема жолта куќа висока, архитектонско ремек дело, со балкони со убава железна ограда со понекоја Давидова звезда, кружни ѕидови и прозори со дрвени кепенци, со душа и мистична убавина во европски неокласичен стил. Тоа бил домот на еврејското семејство Ароести, од кое потекнува мајката на Сара, кои во виорот на Втората светска војната побегнале од нацистите и емигрирале во Америка.
-Можеби сите ние, како и јас еден ден ќе си го најдиме повторно својот дом и ќе се вратиме назад“ е најголемата желба на Сара Ароести, музичката дива, еврејската Шакира, која сака во нашиот град и нејзино родно место да направи еден голем концерт заедно со сите нас битолчани… Оваа вечер и се оствари дел од нејзината желба.
Покрај овај настап, таа, во својата турнеја низ Македонија ќе настапи на Охридско лето и Скопско лето.
Жанета Ристевска