Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи и Еуро Никел 2005, за шести триумф во седум одиграни мечеви

Еуро Никел – Пелистер 64:73

Екипата на Пелистер од Битола забележа нова победа на гостувањето во Кавадарци победувајќи го совлада Еуро Никел со резултат 64:73, што е и шеста победа по ред во Првата лига од седум натпреаври, а со освоените бодови се израмни со најдобрите екипи. Во натпреварот двете екипи имаа по една четвртина имаа и двете екипи во првото полувреме.

Кавадарчани добро го отворија натпреварот и беа подобри во првата четвртина која ја добија со сосема солидни 19:10, а во овој период кај избраниците на Марјан Илиевски евидентен беше заморот од тешките натпревари во АБА2-лигата. Во вторате четвртина се разиграа “пелистерци“ ја добија со 13:22, за на одмор се отиде нерешено 32:32.

Во третата четвртина Карпентер и Караџовски погодија две важни тројки и потпомогнати од Стајиќ, Мустафица и Сапунџиев, а кварталот беше изедначен, а во последната одлучувачка четвртина се влезе само со два поени предност за Пелистер, 46:48.

Пелистер дојде до победата во последната четвртина, откако кошаркарите повторно направија серијата од 56:56, дојде на 58:68, а предноста ја задржаа до крајот на натпреварот.

Најефикасен кај Пелистер Димитар Караџовски со 20 поени, Недим Мустафица со „дабл-дабл“ од 15 поени и 13 скока и Кени Карпентер со 12 поени. 

More from СпортMore posts in Спорт »