Press "Enter" to skip to content

Жарко Пешевски: немаме веќе право на лош ден, се наоѓаме во најважната фаза од сезоната

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре во Битола ќе го играат првиот европски натпревар против екипата на Агуаш Санташ. Утре во “Боро Чурлевски“ пред своите навивачи, “пелистерци“ ќе ја имаат улогата на фаворити со противникот во Евро лигата од Португалија.

Кружниот напаѓач кај битолчани, Жарко Пешевски за утрешниот натпревар, денес по последниот тренинг пред натпреварот изјави:

-По подолго време се враќаме во нашиот спортски храм. Имавме тешки натпревати во гости, блиску бевме до подвиг на дел од тие натпревари, но малку и среќата ни го сврте грбот. Без среќа во спортот не може и треба овие натпревари да ни бидат поука како да се подобриме. Агуас Санташ ме изненади со победата против Бидасоа Ирун, но оваа екипа има квалитет и игра подобро отколку во првиот дел на сезоната. Во Португалија по макотрпна борба ги освоивме бодовите. Спремни сме и, со поддршка од битолската публика, верувам дека ќе се радуваме. Влегуваме во најважната фаза на сезоната, немаме веќе право на лош ден. Дојдовме тука да покажеме дека заслужуваме да го носиме овој дрес и да гинеме на сите фронтови. Утре е денот “Д“ и со евентуална победа ќе го осигураме местото во Европската лига. Покажавме и против Бутел дека оваа екипа има карактер, дека не играат само имиња. За добар натпревар мора да играш тимски за да дојдеш до бодовите. Ќе биде интересен пролетен дел од сезоната и ќе го покажеме вистинското лице“, смета репрезентативниот кружен напаѓач.

More from ВестиMore posts in Вести »