Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола пред премиера, в петок премиера на претстават “Улаф сте?“, за лица со оштетен слух

Денес во Народниот театар во Битола ќе се одигра пред премиерата, за петок  е закажана премиерата на прва професионална претстава “Улаф сте?“ на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик за љубителите на театарската уметност.

Претставата ги обработува проблемите на младите и фактот дека населението се иселува од државата. Авто-цензура која е присутна од стравот да се кажат јасно и гласно општествените проблеми.

Приказната се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица без цензура ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива група.

Во претставата играа: Наталија Ристеска, Кристијан Танчевски, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска и Никола Пројчевски.

Автор и режисер на претствата е Јован Ристовски, костимограф Марта Дојчиновска, сценограф Стефан Малбашиќ, а драматурзи се  Билјана Крајчевска и Весна Куслеска.

Толкувач на знаковен јазик Катерина Шаркоска, асс. Елизабета Георгиева, а соработник за знаковен јазик Мартин Ангелов.

Предпремиера :14 јуни,среда во 20 ч. Цена на билет 200 денари.

Премиера: 16 јуни, петок во 20 часот цена на билет 250 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »