Press "Enter" to skip to content

Заврши “Фестивалот на староградска музика и вино“ во Чаршијата (видео + фотогалерија)

Синоќа се одржа втората,завршна  вечер на “Фестивалот на староградска музика и вино“ кој викендов се одржа во Старата битолска чаршија во Битола. Вечерта помина во одлична атмосфера, а сите гости понесени од звуците на музиката, на нозе  ја завршија со пеење на песните посветени на Битола, на Ратка, но и на “Чкембарите“…А, за тоа оваа втора вечер да остане во сеќавање на присутните битолчани кои беа во Старата чаршија во Битола, пред “Малиот битолски монмартр“ се погрижија групите “Гердан“ и “Битолски тамбураши“.  Добрата атмосфера, надополнета со вината од винаријата “Чифлик“.Амбиентот на старата битолска чаршија во Битола, повторно се исполни со звуците на староградска музика, народни песни и оние обнародени, кои некои синоќа со право ги нарекоа “битолски шлагери“. Присутните  заедно со изведувачите ги пееја цела вечер и   песни  од целиот Балкан, нови хитови, стари песни…

Манифестацијата „Фестивал на староградска музика“ се одржува во Битола, шеста година по ред, а организаторот сака на еден поинаков начин  начин да го врати сјајот на битолската чаршијаМногу битолчани сакаат  се присетат на еден период поточно во 80-90 години, кога тука беа кафулината, а повозрасните на некое друго подалечно време, кога тука беа занаетите, кафаните…. А старите улиците беа корзо и шетање.Потребни се повеќе манифестации, со различни содржини, со кои би се вратиле традициналните и културни вредности кои ги поседува оваа чаршија, а секако и градот Битола.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »