-Наместо деновиве познатата текстилна фабрика “Трикотажа Пелистер“ од Битола да прослави голем јубилеј, 100 години постоење, таа денес е само уште една фирма од Битола која поради стечај останува да живее само во колективната меморија на битолчани, посебно во сеќавањата на илјадите вработени кои во некој нејзин период “ваделе леб“ од таму, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолсктото новинарство.
Инаку, се присеќава Миновски дека пред 10 години на 3 декември 2013 година во ресторанот “Белведере“, вработените во Трикотажата “Пелистер” прославија јубилеј, 90 години постоење.
Тогаш по бројот на годините и кондицијата во која се наоѓаше фабриката беше единствена, не само во земјава, туку и пошироко.
-Иако оваа, тогаш, успешна битолска компанија, како една од ретките во земјата од текстилните фирми ја преживеа транзицијата, опстана и бележеше успеси и резултати во работењето, не го преживеа времето кое следуваше, вели Миновски, кој додава:
-Слоганот на “Трикотажа Пелистер“ беше “100% памук – 100% здравје“, а тоа беше прифатено од страна на потрошувачите, а притоа квалитетот беше главниот епитет по кој беа препознатливи не само на домашниот туку и на странските пазари.
На тогашната прослава за 90 години од постоењето зборуваше, мојот пријател и голем стопанственик, кој за жал, не е повеќе со нас, Димитар Димитровски, тогаш во својство само на поранешен директор на “Трикотажа Пелистер”.

Деновиве пред 10 години: трикотажа “Пелистер“ прослави 90 години постоење (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Вински фестивал во “Bliss Mall“ – два дена вино, музика и добра музика
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Никола Кочовиќ: вечер е важен натпревар, сите сме мотивирани за победа
- Во Битола промеливо облачно, температурата до 17 степени
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)








