Press "Enter" to skip to content

Прослава на верскиот празник Коледе во Лерин, голем број битолчани кај големиот оган (фотогалерија)

Години наназад голем број битолчани одат во Лерин за да ги видат чествувањата на овој верски празник во соседна Грција. Близината, величествениот оган и чествувањата привлекуваат голем број туристи од регионот. Коледе по католичкиот календар се празнува 14 дена порано од денот кога ние го празнуваме на 5 јануари.Бидејќи bitolanews секогаш известува за интерeсни настани на кои има голем број битолчани, и ние се упативме накај Lерин сабота вечер. Голем број битолчани уште во вечерните часови после 18 часот се упатија натаму. На граница голем број возила во текот на вечерта.Во гратчето Лерин, кое е близу границата, се оди за околу половина час со автомобил, но поради гужвите на граничниот премин “Меџитлија“ патувањето се оддолжи на повеќе од еден час.  А, во Лерин се бараше паркинг скоро еден час, бидејќи мештани од околните градови и села доаѓаат во Лерин на големиот оган.Насекаде има и помали огнови каде се дели вино варено, топла ракија, костени печени, колбаси. Музика се слуша и игра насекаде. Украсени елки, мостовите по реката која тече низ гратчето. Куќи, балкиони со сијалички сето придонесува за празнични чувста.Најинтересно и најубаво е украсен дворот каде е седиштето на градоначалникот на Лерин, каде се чекаше ред леринчани и нивните гости да се фотографираат со прекрасните украси.

Околу 23 часот сите се упатуваат кај местото каде ќе се пали големиот оган, каде точно на полноќ, во 24 часот, со интересно одбројување се пали оганот, а големиот пламен само за  неколку секунди до минута се вивнува над околните куќи, покрај реката, до облаците…

Големиот оган кој се пали на Коледе, пред Бадник, се смета дека ќе ги избрка ѓаволите и ќе донесе среќа кај сите. Многу луѓе иако од оганот кој е распламтен ветерот носи и по некоја искра…  Се игра, се пее се очекуваат големиоте празници Бадник, и Христовото раѓање Божик.Александар од Битола ни кажа низ неврзан музабет:-За прв пат доаѓам на Коледе во Лерин. Иако сме многу близу и слушав дека е интересно. Но вечерва дојдовме со друштво еве се погоди сабота вечер и сме слободни. Многу весела атмосфера, а оганот импресивен иако во еден момент кога заради ветерот започна малку и да не плаши. Заради голем гужва немаше не успевме да најдеме место во кафеаните, но вино варено и кафе си зедовме. Најважно си поминавме убаво.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »