Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен од Сутјеска со “пола кош“ откако промаши за победа во 11. коло од АБА2 лигата

По двете победи на кошаркарите на Пелистер од Битола на “балонот“ во рамките на 11. коло од АБА2 лигата, во Нови Сад, Србија, се поразени од тимот од Црна Гора, Сутреска, со резултат 79:78, во драматичен финиш во кој одлучуваше една топка, а новакот Најт имаше шанса да донесе уште една победа, но не погоди.

Црногорскито претставник имапеп подобра “отворање“ на мечот во кој за десет минути се стека со сосема солидно водство од 24:16. “Пелистерци“ во вториот квартал ја “бркаат“ негатива, а тоа траеше практично до самиот крај на средбата. Но за жал, иако беше присутна желбата, мотивот, амбиции, тоа не го реализираа.

Во неизвесен финиш, прво Сапунџиев, со тројка, ја врати надежта дека може да се добие и овој меч во Нови Сад. Намали на 77:78. На 62 секунди пред крајот прво Костоски беше половичен од линијата за слободни фрлања за 78:78. Истото се случи и на другата страна за 78:79, а во нападот за победа, Најт не беше успешен и Пелистер запиша нов пораз.

Кај Пелистер најефикасен Магдевски со 17 поени и Планиниќ со 15 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »