Press "Enter" to skip to content

Ангеловски и Танковски по завршување на натпреварот: кога веќе е пораз, да биде подостоен (фото)

Битолски Еурофарм Пелистер забележа уште еден пораз во Битола во Лигата на шампионите, пред полни трибини во „Боро Чурлевски“  е поразен од ПСЖ. На официјалната прес-конференција свое видување од одиграната партија на пелистерци даде тренерот Бранислав Ангеловски, кој рече:

-Задоволство е да се биде тренер на овој клуб, да се води оваа група на играчи и да ја чувствувате енергијата на нашите навивачи. Искрено, на крајот се уверивме во јачината на секој поединец на ПСЖ. Би сакал кога веќе е пораз, да биде подостоен. На крајот мислам дека можеби можевме и пониско да загубиме, доста промашивме. Не знам дали е до нашата концентрација или квалитетот на противничките голмани. Во првиот дел Јаник Грин имаше десет одбрани. Со таков голман, а во второто полувреме влезе и Паличка со пет-шест, екипа која има такви поединци е тешко да се победи. Одигравме натпревар во кој сум горд на моите ракометари. Бевме подобри од дуелот со Вардар, ама разликата во квалитетот беше видлива. Посакувам само добро здравје и мислам ќе се радуваме на нови победи. Секогаш имаме ротација, секој од играчите треба да придонесе со енергија. Мило ми е што клупата е добра, сите играчи на неа со мозокот се на теренот. Јас давам шанса на секој, а до играчите е кој колку ќе биде на терен.Покрај тренерот на битолчани на средбата со седмата сила се обрати и Марио Танковски кој кажа:

-Лошиот влез во натпреварот не чинеше многу. Потоа цело време бркавме резултат. Против екипа какоПСЖ, тоа е тешко. Тие се екипа од светски калибар имаат тројца европски прваци, имаше и сребрени и бронзени… Промашените пенали исто така не чинеа за попристоен пораз. Сите дадовме максимум и се боревме, а резултатот е горе-долу реален“.

More from ВестиMore posts in Вести »