-Денес на ден Велигден, кога се празнува Христовото Воскресение, и кога се присетувам како беше низ изминатите децении прославата на Велигден во Битола, покрај одењето во црква, на гробишта, ми се враќаат и спомените како се празнуваше градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола.
–Ова празнување на Велигден е вековна традиција, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доаје на битолското новинарство.
Секоја година па така и пред 10 години жителите на една од најстарите битолски маали, Јенимаале (Гинимале), ја продолжија вековната традиција наречена, Градски-селски Велигден, која само тука се одбележува на овој начин, а нивните гости ги проследија настапија на КУД “Илинден“.
Како и секоја години и тогаш по повод овој празник се одржа дефиле низ улиците на населбата Јенимаале, кое заврши на Сретсело.
Повозрасните жители на оваа населба се присетуваат на оваа стара традиција која единствено тука вака се одбележува, а и отворија вратите на своите домови за роднините и пријателите не само од селата, кои за жал се помалку ги има.

Деновиве пред 10 години: градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер ја обнови својата клубска слава Митровден
- Деновиве пред 10 години: Милица Шперовиќ – Рибарски, добитник на наградата за животно дело на Битола за 2016 година (фотогалерија)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Објавена третата песна на Марија Цветановска насловена “Кога те љубев“ (фото + видео)
- Симеон Силјановски добитник на Ноемвриската награда на ДЛУБ
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 12 степени
- Одржан традиционалниот “Битолски бал“ по 37. пат во Сиднеј, Австралија (фотогалерија)
- Пораз на Пелистер на домашен терен од тимот на Штип (фотогалерија)










