-Како е секое лето, така и пред 10 години, во 2015 година, во Битола свечено беше отворено културното лето “Битфест“, а започна со концерт на Битолскиот камерен оркестар во Народниот театар во Битола, а тоа беше десетото јубилејно издание на Битолското културно лето, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
На свеченото отворање настапи Битолскиот камерен оркестар заедно со повеќе солисти изведоа концерт на филмска музика.
Настапија: Димитар Андоновски, Ирена Димевска, Наде Талевска, Бојан Стојков,
Ламбе Алабаковски, Нико Ѓоргиев и оперската дива Весна Гиновска.
-Во организацијата на “Битфест“ во изминатата деценија откога постои културното лето, се вклучени сите национални културни институции заедно со Општината Битола и главниот покровител на Битолското културно лето, градоначалникот Владимир Талески, беше тогаш речено.
Програмата на “Битфест“ е повторно концепирана, да им даде шанса на сите уметници и творци, истакна на свеченото отворање, тогашниот градоначалникот на Битола, Владимир Талески и додаде:
-Битолското културно лето им дава шанса на сите, без разлика на возраста и областа во која творат, со своите постигнувања да се претстават пред битолчани. За време на оджувањето на Фестивалот, Битола е отворена летна сцена на која покрај битолчани и бројните туристи имаат можност во зависност од своите афинитети да уживаат во настапот на бројните уметници и да проследат бројни културни содржини.
Битола во 2015 година беше голема сцена на отворено, а тоа лето се одржаа над 180 културни настани. Два месеци во Битола интензивно се случуваа културни настани.

Деновиве пред 10 години: со концерт на Битолскиот камерен оркестар во Битола отворен “Битфест 2015“ (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената
- Деновиве пред 10 години: нови возови од и кон Битола – ќе сообраќаат во доцните вечерни и ноќни часови (фото)
- Деновиве пред 10 години: универзитет од Битола организира голем концерт на Филхармонија од Минесота (фото)
- Девојките од Пелистер Волеј ја поминаа првата пречка во Купот, убедлива победа во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: Дијана Неделковска спортист на Битола за 2015 година (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Убавината како став“ настан што го слави женското претриемништво во Битола (фотогалерија)
- Пелистер во Битола со +30 му врати на Куманово за поразот од Купот во најдоброто издание сезонава (фотогалерија)
- СВР Битола: приведени две лица, едниот возел 101 км/ч дозволено било 50, вториот физички ја нападнал сопругата
- Марјан Неделкоски координатор на Општинскиот комитет на Македонски Концепт – Битола
- Нова победа за АК Олимп: Бојан Чаприќ најбрз на 5 километри во Кавадарци










