Во рамките на “Битфест“ вечерва во Битола ќе се одржи уметнички настан со врвни музички имиња: Давор Неќак – баритон, Горјана Стојановска – пијано, а гости ќе им бидат Биљана Јосифов – сопран и Симон Поповски – виолина.
Концертот ќе се одржи во свечена сала на Офицерски дом – Битола со почеток во 21 часот.
Влезници: 200 денари на билетарата во КИЦ Битола – Офицерски дом.











