-Во 2105 година екипата на Пелистер ги започна подготовките со нов тренер и со стари амбиции, враќање во Прва лига, а во нив беа вклучени дваесетина фудбалери. За нов тренер беше назначен Зоран Стерјовски, битолчанец, кој во Битола дојде од Силекс од Кратово, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Подготовките по 2015 година започнаа во Битола до август, а во тимот беа прекомандувани од младинската школа.
Под водство на Стерјовски подготовките траеја триесетина дена под Тумбекафе и во Струга, а одиграа девет контролни средби.
Во стручниот штаб на Пелистер, за помошник на Стерјовски е назначен Димитар Капинковски.











