-На официјална средба со новинарите во 2015 година, на стартот на подготовките на ракометарите на Пелистер од Битола главната вест беше одлуката младинскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Дрогришки да го продолжи договорот со клубот, а управата му ја даде довербата тој да биде капитен на тимот, а со тоа да биде најмлад капитен во историјата на Пелистер, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Дрогришки тогаш потпиша дека следните две сезони ќе го носи дресот на Пелистер со многу подобри услови од досегашните и со капитенската лента на раката, што уште еднаш покажува колку веруваме во него, беше речено на прес-конференцијата на Управата.
Тогаш потпишаа Кире Митревски и Игор Арсиќ, а ревидирани финансиски подобри договори имаа сите ракометари од ланскиот ростер, а беше потврдено дека ќе се потпишат со уште тројца домашни ракометари и двајца странци.
Инаку, Дрогришки, беше, и е производ на школата на клубот, а на истиот ден
стартуваше и проектот на академијата на клубот, која важи за традиционално најдобра во државата.

Деновиве пред 10 години: Стефан Дрогришки најмлад капитен на РК Пелистер
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Милица Шперовиќ – Рибарски, добитник на наградата за животно дело на Битола за 2016 година (фотогалерија)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта










