-Во Битола, пред 10 години, во јули, во рамките на продлабочувањето на пријателските односи на Израел и Битола и промоцијата на Битола како град со еврејско културно наследство се одржаа денови на израелската култура, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Тогаш, на 20 јули 2105 година свеченостите започнаа кога на влезот во детскиот дел на Градскиот парк, од страна на амбасадорот на Израел Дан Оријан и градоначалникот
на Битола, д-р Владимир Талески, беше откриена спомен-плоча на еден до столбовите од некогашната синагога, Кахал Португал, која беше уништена во Втората светска војна.
Во продолжение на “деновите“ во Детскиот парк, од страна на амбасадорот Оријан и градоначалникот Талески беше засадено дрво на мирот, манифестациите на Израел во Битола продолжија со одигрување на претставата “Нашиот клас” во изведба на Националниот театар Хабиба и театарот Камери од Тел Авив.
Претставата беше работена во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од холокаустот на Евреите, а во рамките на Битолското културно лето “Битфест 2015“.
Беше отворена и изложба наречена “Израел низ илустрациите во детските книги 1947-2014, во постава на Лиора Гросман, угледен публицист од Израел, а беа промовирани и победниците на литературниот натпревар на млади писатели “Си било еднаш едно дрво” каде што младите творци пишуваат инспирирани од детскиот расказ “Еврејчето Сами”, дело на познатиот битолски писател Владимир Костов.
-Односите меѓу Израел и Битола се исклучително добри. Во Битола пред војната живееја над 3.000 Евреи, кои ги загубија животите за време на холокаустот. Ние, како современици мораме да се навраќаме на минатото, но и да мислиме на иднината, истакна амбасадорот на Израел во Република Македонија, Дан Оријан, во Битола.
-Промовираме нов вид на соработка со директни средби кои ќе бидат почести и посветени на културата, економијата и стопанството. Заедничкото минато не обврзува тоа што е запишано во нашата меморија да го испланираме во сегашноста и да градиме подобра заедничка иднина на сите полиња со акцент на културата и новите бизнис инвестиции, изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Деновиве пред 10 години: израелски денови во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер ја обнови својата клубска слава Митровден
- Деновиве пред 10 години: Милица Шперовиќ – Рибарски, добитник на наградата за животно дело на Битола за 2016 година (фотогалерија)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Објавена третата песна на Марија Цветановска насловена “Кога те љубев“ (фото + видео)
- Симеон Силјановски добитник на Ноемвриската награда на ДЛУБ
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 12 степени
- Одржан традиционалниот “Битолски бал“ по 37. пат во Сиднеј, Австралија (фотогалерија)
- Пораз на Пелистер на домашен терен од тимот на Штип (фотогалерија)










