-Над Битола, на Пелистер, каде што височините се предизвик, а стравот се претвора во сила почувствувај ја вистинската слобода. Диши. Ослободи се. Прослави. Почувствувај. Стани независен, беше пораката и поканата која ја прифатија голем број битолчани.
Граѓаните на Битола денот на независноста на Македонија го прославија на Пелистер, кај Инфо-центар на Националниот парк “Пелистер“ каде неколку илјади битолчани во текот на целиот ден се забавуваа дружеа. 
Настанот беше насловен како “Пелистерски Вајб“ го организира Национален парк “Пелистер“, заед со угостителите “Бар Општина“, “Училница“, “Камарите“, “Де Ниро Кетеринг“ и “Конец“, а имаше организиран и бесплатен превоз од страна на “Пелалинк“, “Хера турс“ и “МИГ травел“.
За идејата и организацијата на настанот, директорот на НП “Пелистер“ – Иванчо Тошевски ни рече:
-34 години независност на Македонија во Битола, за жал, немавме никаква организирана прослава каде што на едно место сите битолчани да бидеме на едно место, а идејата да со организира некаков настан потекна од кафе бар “Училница“ заедно со националниот парк “Пелистер“. На таа идеја се надоврзаа и неколку други угостители и едниставно еве започнува традиција. Да се знае на 8 септември битолчани да бидат на Пелистер, да имаат каде да го прославата денот на независноста на Македонија. Планината симболизира слобода, независнот и затоа сме тука, локацијата на биде на Пелистер, кај Инфо центарот или како повозрасните го знаат местото “Вилата на Лазо“.
Денес битолчани имаа прилика за прв пат организирано да го посетат и да се забавуваат на адреналинскиот парк за што Тошевски додава:
-Денес имаме прилика битолчани да видат како се користи адреналинскиот парк, секако по промо цени, во духот на празничното расположение. Очекуваме да има ситни забелешки но ќе се поправаме, а секако сите содржини се тестирани и се во состојба погодна за користење, а еден од оние кои ги тестираше содржините сум јас.
Со почеток во 12 часот започна музичка програма, а за забава под отворено небо се погрижија ди-џеите Никифор, Елена Иваноска, Котекс и Шваба.
Меѓу големиот број на битолчани беше и градоначаникот на Битола – Тони Коњановски со соработниците, а тој за овој начин на прослава на Денот на незавосноста рече:
-Одлична идеја на Национаналниот парк “Пелистер“ заедно со нивни партери, секако и со поддршка на локалната самоуправа, на убав начин да го прославиме на Пелистер, на преубан начин, денот на независноста на Македонија, со многу млади, со многи забава, во претпладневните часови помалите со нивните родители, сега забавата започнува со ди-џеите. Се надевам дека ова ќе премине во традиција, Пелистер нуди ограмни можности, а ова да биде начин на користење на дел од нив.
За тоа дали младите го чувствуваат денот, 8. Септември, Денот на независноста Коњановски додаде:
-Мислам дека на ваков начин ќе го проблиме празникот и празнувањето кон младите, но и до повозрасните, зашто празникот не е само протокол. Положивме цвеќе, но секако потребни и се и нови начини, а се надевам дека во иднина нема да биде само овој настан. И овој настан треба да се збогатува, но нека има и нови содржини.
Денес на Пелистер најмногу се радуваа најмалите кои уживаа во предизвиците на адреналинскиот оарк, но се осмелија и повозрасните. Колку беше голема заинтересираноста на битолчани, млади и стари“ зборува и тоа што во големиот ред за изнајмување на алпинистичка опрема и заштита се чекаше во ред и повеќе од еден час.
-Се радуваат децата се радува и родителите, и сами гледаат децата се натпреваруваат со патеката, мајките прават по стотина фотографии и видеа. Денот е убав, пријатно е на Пелистер, битолчани се дружат, јадевме во природа, дишевме планински воздух, а што да побараме повеќе. Да си го честитаме Денот на државноста, и сите да си посакеме уште многи вакви денови, ни рече Ивана од Битола.
Инаку, адреналински парк, кој денес за прв пат беше достапен по промотивни цени, нуди авантура која ги поместува границите на храброста! Паркот е поделен во две секции: за деца и возрасни. Оваа уникатна активност е за сите кои сакаат да се соочат со предизвик и да ја почувствуваат физичката и менталната слобода што ја носи адреналинот.
-Има и некој неуспех на децата, односно да не можат да “поминат“ некоја препрека, но и тоа е целта, да се вратат и да ја совладаат. Има и по некоја солза, малку страв, но овој дел на Пелистер веќе од утре, според мене ќе биде најпосетен, денес се чекаше и по повеќе од еден час за опрема, а мислам дека и во иднина ќе биде вака, ни рече Горан, кој со синот се радуваше на новата содржина.
Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска











