И оваа година, по 7. пат, точно, како и беше најавено, во 8,30 часот, наспроти саат кулата на улицата покрај реката Драгор во Битола стартуваше првата трка на 5 километри од “Трчај бе со Алпско“, а потоа според временска планинана разлика старуваа натпреварувачите кои трчаа на 10 и 21 километри. Денес на стартот се појавија 1.700 тркачи од сите категории и возрасни карегории, а најсерозни беа натпреварувачите на 21 километар.
На трите трки во Битола, “Трчај бе со Алпско“, зедоа учество околу 1.700 пријавени, од 15 земји, кои трчаа поединечно, во групи, или како дел од битолски компании кои заедно во оваа прилика правеа “team building activities“. Ќе ги споменеме најголемиот тин на“Алпско“, “Минт осигурување“ и “Кромберг и Шуберт“, кои имаа свои посебно уредени и бреднирани катчиња.
Тука беа и тимовите на Горната Гимназија, “Битолањуз“, “Симпекс“, КУД “Илинден“, “Графопром“, Синдикат РЕК, од Полицијата, УКЛО, “Боди М“,“Карпатија“, “Пионерски“, “Портал“, “Бит Оил“, “Централ“…
На трката со натпреаврувачите се дружешњ и градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, кои изразија воодушевеност од патеката, а гостите од стана и од тоа како пулсира градот во недела наутро, невообичаен ден и термин за забава.
Стартот, симболично со “пукање“ од пиштол го означи директорот на “Трчај бе“, Никола Димитровски, кој претходно ги поздрави сите учесници, битолчани и гости во градот, покрај целата патека.

-Имаме 1.700 учесници што за нас е голем успех. На сите кои се присутни утрово тука сакам да им посакам добра забава, на сите гости во Битола убав престој во напиот град, а секако на сите натпреварувачи во трите категории со успех да ја истрчаат зададената патека, секако најдобрите да победат, а и да постигнат лични рекорди, рече Димитровски.
На трката во Битола, се натпреварува цела македонска атлетска елита на средни и долги патеки, но, сепак најбројни беа рекреативците и оние кои трчаат 5, а ги имаше од сите возрасти и професии, спортисти, професори, бизнисмени, ученици – основни и средношколци, студенти, политичари, рекреативци… На трката спотед официјалните податоци имаше околу жени.
Оние поодважните и подобро подготвени им кои секојдневно тренираат на 1о километри. Секако најподготвените тргнаа да трчаат полумаратон на 21 километар, а провлекоа многу внимание и бодрење од публиката.
Трката помина во одлична организација, за што организаторите добија пофалби од сите, а за среќа немаше ни повреди на учесниците.
-Јас трчам рекреативно, не сум трчал се уште маратони, освен битолските трки. Денес еве сум на нашата битолска “Трчај бе со Алпско“ на одлична манифестација со многу учесници и публика, а се надевам дека ќе бидам мотивиран и за други трки низ Македонија и во регионот. Сакам да упатам апел сите да трчаат, цела година, не само на трката, бидејќи во Битола имаме насекаде прекрасни услови за трчање, во лето надвор од градот кон Пелистер, кога е поладно во градскиот парк и во маалските улички, кои немаат многу сообраќај. Ова ми е проба за наредниот предизвик, ни рече Тино Стојановски, студент, од Битола.
Ветераните, кои денес во Битола имаше голем број на стартот докажаа дека дека со спортски дух и добра кондиција годините немаат значење и лесно можат да истрчаат 5, 10 а и 21 километар.
Покрај спортскиот дел, учесниците имаа и прилика да се дружат, да се забавуваат, а за забавниот дел се погрижија тандемот водители на трката “Трчај бе со Алспко“ Зоран Мишевски и Мими Марковски.
Битолскиот тандем водители беше појачани“ и со актерот Горазд Цветковски, кој истрча 5 километри имаше интересни јавувања “во живо“ низ целата патека.
Тука беше и тимот на “Минт осигурување“ кои имаа и посебен простор брендира во боите на “Минт“ и порачаа.
-И годинава на почетокот на септември, продолжуваме со нешто добро за Битола кое еве продолжи да живее и да собира голем број битолчани, кои се мотивирани. Имаме тим во кој има луѓе кои редовно тренираат, но и рекреативци. Имавме добат тим, не се боревме за пласман туку денес се дружевме и забавувавме, а некои деца ги израдувавме во нашиот простор.
Организаторитес со одлично подготвена најава, програма, и трка како и секоја години, ги мотивираат натпреварувачите и ја забавуваа публиката на плоштадот кај Саат кулата, а загревањето, овој пат,го направи за сите натпреварувачи Христина Ристовска.
И овој пат имаше и забава на стартот на бината, а и дополнителната музичка програма по патеките, каде беа поставени окрепителни станици за тркачите.
И оваа години покрај патеката имаше голем број навивачи, а дел од нив имаа транспаренто со интересна содржина.
Низ повеќе од сто фотографиите пренесуваме дел од атмосферата и како се одвиваше трката, но и како беше покрај патеката, каде од рано наутро беа присутни битолчани кои ги бодреа сите кои се одважија да трчаат денес, недела во Битола.
Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска














