-Есенва сме сведоци на едно ново “издание“ на градскиот стадион “Петар Милошевски“ во Битола, која пред 10 години, во 2015 година, за време на фудбалските преноси го нарекувавме стадион “Под Тумбекафе“, а така пишувано и во спортските извештаи, а во таа години, во годините пред тоа и после 2015 стадионот беше во мошне лоша и незавидна ситуација, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Стадионот беше во лоша состојба, еднаш имаше поголема поправка, да не речам реконструкција, кога тука играше младинската репрезентација на Македонија, а беше изградена новарката ложа – ако можеше така да се нарече, имаше доградена поголема просторија за состаноци, неколку канцеларии, но немаше некои реконструкциони зафати, додава Миновски.
Од време на време се поправаа соблекувалните неколку пати, се менуваше дел од инсталацијата, се бојадисуваше, но се беше некако колку да се помине, што би рекле битолчани.
-Но, мислам дела пред околу десетина години стадионот беше во очајна состојба. Тетенот, тревата, беше во лоша состојба, соблекувалните лоши, а не бепе ништо подобра состојбата околу стадионот. Некаде на помошното играчиште пред стадионот беше поставено некаков диско-клуб, или кафуле, помалиот помошен терен пред службениот влез беше уништен, стативите фрлени во некој ќош, а поради целосната запуштеност не ретко на тревата околу стадионот се напасуваа крави…, вели Миновски.
Но, сега, по 10 години, во 2015 години сме смедоци дека имаме нова ситиација, скоро нов стадион, под Тумбекафа. Стадинот усполнува норми според УЕФА и на него се организираат и репрезентативни фудбалски натпреаври, сега во младинска конкуренција, а очекуваме и Битола да биде домаќин и на сениорската репрезентација. Какви се резултатите на ФК Пелистер за брзо не можеме да се надеваме на клупски европкси натпеварувања, но да се надеваме дека и тоа ќе биде.

Деновиве пред 10 години: како во октомври 2015 изгледаше стадионот под Тумбекафе и како беше околу него (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Милица Шперовиќ – Рибарски, добитник на наградата за животно дело на Битола за 2016 година (фотогалерија)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта










