Press "Enter" to skip to content

Женска енергија на вечното ракометно дерби во Битола (фотогалерија)

Во храмот на ракометот во Битола, спортската сала „Боро Чурлевски“, вечерта ја обои голем број женска публика. Додека навивањето долго време се сметаше за „машка работа“, последниве години сè појасно се гледа дека страста кон спортот нема пол. На трибините можевме да забележиме навистина силно и впечатливо женско присуство. Меѓу навивачите, посебно се истакнаа жените кои со својата енергија, својата поддршка поддршка и спортски дух дадоа значаен белег на атмосферата. Тие станаа дел од препознатливиот битолски амбиент што ја пренесе својата енергија и на теренот, мотивирајќи ги играчите до последната секунда.  Дополнително, нивното присуство покажува дека ракометот во Битола прераснува во семеен и заеднички спортски настан, каде сите генерации заедно ја даваат поддршката и навиваат за Пелистер. Овој тренд јасно покажува дека битолската ракометна приказна расте и се надградува, а жените стануваат неизоставен дел од спортска магија во Битола.

Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »