Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Зоран Елисковски го “фати“ крстот за Водици во 2016 година во Битола (фотогалерија)

-За Богојавление Христово, Водици, во 2016 година, во Битола, на централната свеченост, во црквата “Св. Димитрија“ во Битола, односно деновиве пред 10 години, на Зоран Елисковски од Битола му се насмевна среќата и успеа да го фати осветениот крст, започна со своите сеќавања, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој продолжи:Во црквата “Св. Димитрија“ каде се одржа централното положување на светиот крст во осветените води го изврши Владиката Петар.Елисковски беше награден од Владиката и од битолската локална самоуправа.Дваесет и осум годишниот Елисковски, за среќата што ја почувствува на празникот ќе рече:-Не може да се опише со зборови, тоа како што изјави мора да го доживее
секој верник, и додаде:Неколку години по ред се обидував да го фатам богојавленскиот крст. Годинава ми беше успешна и тоа го доживувам како голем благослов од Господ. Верата ме натера на упорност, истрајност, така што досега седумпати со ред скокам по осветениот крст и ете оваа година имав најмногу среќа.Паричната награда доделена од Општината, Елисковски во договор со неговите пријатели одлучија да ја донираат во хуманитарни цели.

More from БитолаMore posts in Битола »