Press "Enter" to skip to content

Битолчани на слава на манастирот “Св. Атанасиј“ кај месноста Смолево над Битола

За денешниот голем верски празник Св. Атанасиј стотина верници од Битола и потпелистерските села, го посетија истоимениот манастирот кој се наоѓа на неколку километри од Битола, над населбата Стрчин, во горниот дел на Касарната, на местото на иселеното село Смолево.

Овој празник Св. Атанасиј и го означува тоа како последен празник од зимските слави, а по повод празникот на Светецот, кој е заштитник на православието, синоќа вечерна и денес богослужба одржа Отец Александар Маргулевски.

Домаќинките си “кренаа“ лепче за здравје, а останатите верници запалија свеќа, донесоа дарови и се помолија за здравје.

Убавиот сончев ден, иако со студено утро, како да е создаден за пешачење од Битола до манастирот така да, најголемиот дел од денешните посетители се упатија таму по убавото време. Денеска на ден Свети Атанасиј Велики голем број верници, православни христијани од Битола, како и блиските села Лавци, Брусница Буково и други околни населби.

Денес на половина од зимата, како што ни кажува овој голем празник, доаѓаат и многу други луѓе за да го прослават празникот.

Сите како да се веселат дека на зимата и доаѓа крајот  и во денешното сонце препознаваат дека пролетта е близу. Можеби заради тоа и оптимизмот како да се чувствува насекаде околу нас.

Инаку, манастирската црква посветена на свети Атанасиј Велики е единствената градба која е останата од некогашното село Смолево лоцирано над Битола, кое во виорот на Првата светска војна, во борбите на Македонскиот фронт во 1914 година било разурнатио и иселено од француската војска која се стационирана на овој стратешки пункт над Битола.

Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »