-Пред 19 години, во јануари 2016 година, Битола беше два дена беше домаќин на десетици амбасадори од многу земји во светот, кои на покана на претседателот на
државата, Ѓорге Иванов престојуваа во нашиот град, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
За време на приемот во Заводот и музеј Битола, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во своето обраќање до амбасадорите, меѓу другото, изјави:
-Како претседател на Република Македонија морам да истакнам дека сум непријатно
изненаден од немањето чувство за државност кај некои од политичките лидери на политички партии и од нивното несериозно однесување. Тоа доведе до длабока политичка криза која ја разниша довербата на граѓаните во институциите на државата. Се наметнува потребата од враќање кон поредокот преку почитување на меѓународното право и меѓународно преземените обврски. Во овој момент ни се потребни лидерство, единство и визија потребна е одлучност и одговорност. Успесите што ги постигнавме досега ни даваат за право дека ќе успееме да излеземе на крај со се што ќе ни донесе оваа 2016 година.
На традиционалниот дипломатски прием свое обраќање имаше и тогаш доајенот на дипломатскиот кор во Република Македонија, рускиот амбасасор Шчербак.
Другиот ден дипломатскиот кор престојуваше на Пелистер, каде имаше можност да се запознае со убавините на Националниот парк, како и со можностите за развој не само на планинскиот туризам на Пелистер, туку и со инвестициските можности кои ги нуди Битола, како за домашните, така и за странските инвеститори.
За време на дводневното неформално дружење со претседателот на Република
Македонија, Ѓорге Иванов и градоначалникот на Битола, Владимир Талески, бројните амбасадори имаа можност да се запознаат не само со културно-историското минато, туку и со потенцијалните можности на Битола.
За убавините на Пелистер говореа француската амбасадорка Лоренс Оер и амариканскиот амбасадор Џес Бејли.
-Оваа средба е прекрасна бидејќи има многу повеќе амбасадори отколку на вообичаените средби во Скопје. Паркот е прекрасен и ги потврдува своите можности за развој на различни спортови и посебно планинарењето кое е се попопуларно во Европа, истакна Лоренс Оер, амбасадорка на Р. Франција во Р. Македонија.
По завршувањето на дводневното дружење бројните дипломати имаа можност да се запознаат и со специјалитетите на македонската кујна, кои ги подготвија вработените во хотелот “Молика“, а можеа да уживаат и во прекрасната македонска песна, која за оваа прилика ја подготви групата “Боеми“.

Деновиве пред 10 години: Претседателот Иванов и Битола домаќини на светската дипломатија (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “Шарената револузија“ го исфарба кино “Манаки“, реагираа Власите
- Заврши првото издание на Винскиот фестивал во Битола, “Љубојна“ и “Паркети“ за одлична атмосфера (фотогалерија)
- 4. семинар од областа на ветеринарната медицина на Ветеринарен факултет Битола (фотогалерија)
- Дождот ја расипа втората вечер на винскиот фестивал во Битола, организаторите очекуваат кулминација утре (фотогалерија)
- Вечерва во Битола отворен првиот градски фестивал посветен на виното (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “ГРАДОТ ВО ДЕТСКИ РЕЖИМ“ – Битола се подготвува за најмасовната детска трка во Македонија
- УКЛО и RHINO Entertainment Group со заедничка визија за поддршка на младите генерации
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Пионерски – Битола со многу љубов, книги, музика и незаборавни вечери слави 1 година
- По 30 години се расчистува патот од Инфоцентарот до Ловечка










