-Синоќа во ресторанот “Паб Конект“ во Битола се одржа традиционална 36. берберска забава на која учествуваа скоро сите бербери и фризери од Битола, а веќе три години заедно со козметичари и шминкери. Нова кума е Маја – Азалеа која кумството го презеде од Марија Неделковска.
Одбележувањето на денот на берберите и фризерите “Св. Атанасиј“ започна со кревање на леб од страна на кумот Петар Трајковски заедно со голем број бербери и фризери во црквата “Св. Богородица“ во Битола.
Традицијата ја започнуваат Миле Трајковски, Стевче Башлаковски и Борче Дишковски.
Кума во изминатата година беше Марија Неделковска, која кумството му го предаде на Маја – Азалеа.
-Чест ми е што денес, на овој голем празник посветен на Св.Атанасиј Велики, кој со векови е заштитник на занаетчиите, ја продолжуваме оваа убава традиција. Како козметичари и шминкери, ние веќе трета година сме дел од оваа заедничка прослава, а годинава чувството е посебно бидејќи за првпат паричката се падна токму кај некој од нашата фела. Исклучително сум среќна и благословена што среќата падна кај мене. Верувам дека ова е знак за успешна година, не само за мене, туку и за сите мои колеги. На сите занаетчии им го честитам празникот и им посакувам многу здравје, бериќет и креативност во работата. Нека ни е честит празникот и на помош заштитникот Св. Атанасиј, рече Маја.
-За многу години денот на сите колеги и колешки. Пред 8 години на денешен ден го отворив мојот салон. Овој ден е посебен за нас и можам само да посакам на сите здравје, среќа и бериќет. Сите да си посакаме меѓусебно она што си посакуваме за себе и ќе бидеме посреќни и поисполнети, рече Марија.
Текст и фото: Дамијана Ристевска











