-Во Битола во март 2016 година пристигна новиот воз кој беше дел од набавката на новите шест возови од Кина, со што заполна големиот проект на Владата на Македонија, обновата и изградбата на нови пруги, како и реновирањето на железничките станици, ќе направиме целосна обнова на железницата.
Од набавените возови за МЖ Транспорт во Битола пристигна вториот, кој ќе сообраќа на релацијата Скопје – Битола.
–Информирани сме за динамиката на изработка и подготовка на возовите во Кина за Македонија, и сите во нашата држава ќе пристигнат до крајот на април, соопштија од Македонски железници.
Од Министерството за транспорт и врски, тогаш во март 2016 година, информираа дека железничката пруга на релација Битола-Кременица до границата со Република Грција се гради, но со забавено темпо.
Во 2015 година со проектот е вреден 2,2 милиони евра се реконструираше железничката станици во Битола, како дел од 11 железнички станици кои се реконтруираа. Со проектот се изврши целосна реконструкција на железничката станица и на сите главни елементи, целосна замена на кровот, подовите, фасадата, внатрешните ѕидови, поставена ќе биде нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети. Исто така комплетно беше заменета водоводната и електричната иснталација, како и внатрешното и надворешното осветлување. Поставени беа системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, подобрена ќе биде пристапноста за товарен транспорт и достапноста и поврзувањето со патниот транспорт.

Деновиве пред 10 години: нови возови од и кон Битола – ќе сообраќаат во доцните вечерни и ноќни часови (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Милица Шперовиќ – Рибарски, добитник на наградата за животно дело на Битола за 2016 година (фотогалерија)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта










