Барселона – Еурофарм Пелистер 47:27 (24:15)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола претрпеа висок пораз од Барселона (47-27) во последното коло од Лигата на шампионите, во која “пелистерци“ со шест бода завршија на седмото место во групата “Б“.
Натпреварот започна енергично и со брзи и ефектни голови. Граховац и Манасков погодија за “пелистерци“, а брзо возвратија Баруфет и Цикуша. Околу десеттата минута се одлепија Каталонија, а Алушовски повика минута одмор на -4 во 17. минута. Барселона зголеми +6 во 23. минута, а првиот дел заврши со убедливи 24:15.
Вториот дел започна со серија од 3:о за домаќинот и првпат поведе двоцифрено. Потоа се одржуваше предност од 12-13 гола. Барселона дојде и до 33-19, а водство продолжи да расте. Барселона на крајот победи со највисоката разлика на мечот од 20 гола.
Кај Еурофарм Пелистер со по три постигнати гола завршија Манасков, Видомски, Ристевски, Граховац, Хенигман, Кузмановски и Петар Атанасијевиќ.











