Во 2016 година вработените и волонтерите од Општинската организација на Црвениот крст од Битола заедно со крводарителите го прославија 17 март, Денот на Црвениот крст и денот на крводарителите, а активностите започнаа со традиционалната крводарителска акција во која битолчани даруваа 175 крвни единици, започна со своите сеќавања Димче Миновски хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Претходно се одржа проекција на документарниот филм за Црвениот крст на Македонија, а беше поместена и изложба на активностите на Црвениот крст на Македонија во изминатиот период. Активностите завршија со одржување на свечена академија во Народниот театар во Битола, каде беа доделени наградите за најдобрите крводарители и помагачите на Црвениот крст.
Секретарот на Општинската организација на Црвениот крст од Битола, Ангела Илиевска, на
свечената академија ги поздрави гостите, волонтерите, крводарителите и пријателите на Црвениот крст при што нагласи дека како наследници на делото на Анри Дидан, се трудиме постојано да ги почитуваме принципите и да бидеме во тек со најновите активности на Црвениот крст.
-Ако хуманоста има граници, нека бидат до небото!, рече таа.
Беа доделени и признанија и благодарници за крводарителите и поддржувачите на
Црвениот крст. Признанијата на крводарителите за 75 пати дарување крв признанија и подароци добија: Трене Бејковски, Кире Доневски, Нешат Садиковски и Драги Порковски.
Водител и домаќин на организацијата беше актерот Петар Горко. А покрај него на сцената
се појавија и волонтерите на Црвениот крст со рецитал и мала театарска претстава, како и членовите на модното студио “Анастасија“ и Стефанија.
[ngg src=”galleries” ids=”2774″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]











