-По многу години во 2016 година беше изграден нов мост по течението на реката Драгор што ги поврзува населбите Јени Маале, Карпош и Кланица, а овој мост на реката Драгор постоел пред повеќе децении и бил од големо значење за жителите на овој дел од Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
По големата поплава во 1958 година, мостот бил урнат, но по барање на локалното население од двете урбани заедници, “Даме Груев“ и “Елпида Караманди“, а со овој мост повторно се олесни комуникацијата од двете страни на реката.
Проект, нов мост беше по барање на двете урбани заедници, а мостот е направен со средства од Буџетот на Општината Битола и донатори, кои што се јавија и сакаа да помогнат во дел од проектите.










