Една желба на прерано починатиот претседателот на Dirty Old Town – Bitola или клубот на навивачите на Ливерпул во Битола, Томе Влашевски – Кубата денес е исполнета, во нашиот град денес и утре навивачите од Регионот се во Битола и како најавија ќе си поминат два дена во дружење и навивање за својот клуб – Ливерпул.
Трајче Бебековски е човекот кој се погрижи, како вели еден аманет на неговиот другар Кубата, а за ова несекојдневно случување во нашиот град, вели:
-Ова е прв меморијален и ќе се трудиме да биде традиционален собир на навивачите од поширокиот регион, во чест на нашиот претседател Томе Влашевски – Кубата, кој за жал не е со нас, еден урбан и почитуван лик, прв претседател на битолскиот клуб на Ливерпул, или накратко најзаслужен за ова пто се случува во Битола, денес и утре. Во еден наш разговор остана аманет од него, да го направиме тоа и да се пензионираме. Еве тоа се случува, но за жал не е со нас да види што постигнавме, за него, за нас како група навивачи, за градот Битола, за нашата држава.
-Навивачите на Ливерпул кои се тука знаат за Битола преку Кубата и сите ние кои навиваме за англискиот клуб, со нив се познаваме, се дружиме… ги знаеја нашите активности и сега се тука да уживаме заедно. Во Битола сега имаме навивачи од Унгарија, Словенија, Србија… Утре ни пристигнуваат уште навивачи, вели Бебековски.
Главниот гостин во Битола ќе биде ден од најголемите фудбалери во историјата на Liverpool F.C. – легендарниот John Barnes, кој треба во Битола да допатува вечерва.
-Посебно се радуваме дека легендарниот John Barnes неофицијално третиот најголем играч во историјата на Ливерпул, и вториот гостин е Kieo официјалниот музичар на Ливерпул кој е на сите гостувања на ккубот, на сите прослави и актiвности на клубот пред натреварите. Аманетот на Кубата ме натера да стапам во контакт со двајцата, ми одговорија на барањето, на моја радост позитивно и сега ќе бидат во Битола заедно со нас. Слетаа во Тирана и за брзо ги очекуваме во Битола, во “Портал“ каде сме вечерва.
Во Битола има многу навивачи, а голема е групата од Белград, Србија. Во нивно име зборуваше Александар Ковачевиќ кој ни рече:
-Јас дел од официјалниот клуб на навивали на Ливерпул од Белград. Во Битола има супер екипа навивачи со кои се дружиме во рамки на регионалните собирања од сите држави од поранешната заедничка држава и затоа сме тука на настанок кој тие го организираат. Сите имаме иста страст кон еден клуб, многу познат. Утрешниот резултат нема да биде во орв план, туку тоа ќе биде дружењето. Кога имаме вакви дружења имало и кога губиме и кога играме нерешено, а дружењето победува. Кога го гледам овој клуб сакам и ние во Белград да го имаме ова, наше место каде ќе се дружиме. Кириите во центарот на Белград се многу скапи, немаме можност, но благодарени на наш пријател кој е сосопственик на пивница каде се собираме за големи натпревари, но за помали не сме вог олем број.
И нашите комшии од Прилеп имаат клуб на навивачи на Ливерпул, а најзабележителен е Александар Попоски, кој како вели, за жал живее во Скопје.
-Ливерпул е поводот поради што вечерва и утре сме во Битола и луѓето кои што се околу мене. Каде што се собираме на локално ниво сум присутен, а за Англија ми одам децата, нека уживаат. Собрани сме да си поминеме убаво, а ќе си поминеме и ќе додадам дека кој сака да живее убаво да ни се приближи, вели Александар.
Утре со почеток во 12 часот започнува дружењето во “Расчекор“ кое ќе трае до 21 часот.
-Утре очекувам да бидеме околу 500 навивачи во “Расчекор“, бројот може да биде и поголем, но се одлучивме за оваа бројка за сите да се чуствуваат комотно и да да уживаат во настанот, вели Бебековски.
Организаторите апелираат да има ред и да не прават гужви, а со ексклузивниот гостин Господинот Џон Барнс сите ќе имаат можност да се фотографираат. Четвртфиналето од ФА Купот е официјално закажано на 4 април 2026 година со почеток во 13:45 часот.
Текст и фото: Сашо Ристевски










