Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: започна изградбата на пругата Битола – Меџитлија, сега изградена, за жал не е во функција (фото)

-Пред 10 години започна реконструкцијата на железничката пруга од Битола за грчка граница со демонтирањето на шините од стариот колосек. Пругата 26 години беше запоставена и низ неа немаше поминато воз, а тогаш беше најавено дека пругата ќе биде комплетно обновена и ставена во функција до крајот на 2016 година, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.

Проектот чинеше 21 милион евра, средства обезбедни од ИПА фондовите, а во негови рамки ќе биде опфатенпостоечкиот коловоз долг 16,7 километри. Европската унија го избра Бугарскиот конзорциум за реконструкција на пругата, а активностите ќе опфатат промена на горниот и долниот строј, реконструкција на стојалиштето кај село Кравари, изградба и и рехабилитација на девет помали мостови и десет железнички премини, нова сигнална и телекомуникациска опрема.Кракот кон Жабени пак, ќе овозможи намалување на транспортните трошоци за узвозно-извозните фирми од регионот, кои ќе добијат полесен и побрз начин за поврзување со солунското пристаниште, беше тогаш речено.

Потоа за жал по кратко време запре изградбата на железничката пруга од Битола за Кременица, а од таму кон грчката граница. Министерството за транспорт и врски го раскина договорот со бугарската фирма “Водстрој“, која беше водечки партнер на конзорциумот составен од четири фирми.Потоа, откако СДСМ дојде на власт државата распиша нов тендер за изведувач на кој беше избрана австриската компанија „Штрабаг“. Проект чинеше 17,2 милиони евра од кои 6 милиони евра ИПА средства, а 11 милиони евра буџетот на државата. До 2019 година се изгради нова пруга од Битола за грчка граница, но се уште не е пуштена во употреба.

За разлика од денес, кога во 21. век немаме железница од Битола за Грција, уште во 19 век имало пруга Битола-Солун. Функционирала до Балканските војни. Старата пруга била изграденаво 1894 година. Во текот на нејзиното славно минато во Битола со воз допатувале многу војници, патописци, конзули, па и историски личности… Повозрасните железничари се присетуваат на времето во социјализмот кога со возот често се патувало од Битола за Лерин и обратно.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »