Press "Enter" to skip to content

Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)

Христово погребение, годинава, лето Господово 2025 година. Свештениците од црквата предводени од протоереј Никола Неделковски, заедно со големиот број верници кои беа присутни, со црковна Богослужба го чествуваа погребението на Исус Христос вечерва, на Велики Петок.Оваа црковна Богослужба го симболизира погребот на Христос, после неговото страдание  распнат на Светиот крст и неговото умирање.

Верниците се поклонија пред светата Плаштеница, а децата и други верници се провнаа под неа, оставија црвени јајца на масата и цвеќе.

Свештениците уште еднаш во текот на службата ги нагласија Христовите страдања и погребот кој се одржа на петокот, бидејќи саботата беше неработен ден. Проследени со црковна служба и црковни песни преку кои ги раскажаа претходните денови, а и денешниот најтажниот ден, Велики Петок, денот кога е погребан Исус Христос.Христос беше погребан во гробот, плочата запачетена, а пред неа поставена стража.За време на службата голем број верници, претежно од овој регион на Битола, стрпливо ја слушаа, а дел и учествуваа во неа, а сите заедно три пати ја обиколија црквата “Св. Недела“ со што и симболично го извршија Христовото погребение.Заедно со старешината на црквата погребенито го одржа и протоерејот Љупчо Атанасов и од ѓаконот Михаил Атанасов, заедно со хорот, и певците.

Исто така беше најавено и Христовото воскресение кое со радост се исчекува.Свештениците ги повикаа верниците на саботната утринска служба, но и на вечерната кога ќе биде соопштена најрадосната вест, дека Христос воскреснал.

Текст и фото: С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »