Синоќа во Битола по трет пат се одржа “Street food Festival“. Настан по светски терк со интересен концепт, летна шема уживање со добра музика, храна и пијалоци. За прв пат “Street food Festival“ во Битола и поширокиот регион, се огранизира во 2024 година.
Тоа е настан со еден поинаков концепт на фестивал со храна, а тоа битолчани го препознаа и повторно беа на платото пред бар кафе “Манаки“, кај поштата во Битола, а организаторите имаа “слатки“ проблеми да им резервираат маси на сите кои искажаа голем интерес за настанот “Street food Festival“.
На платото помеѓу “ДМ Маркет“ и бар “Манаки“ во Битола беа битолчани и нивните гости кои сакаа да се забавуваат и уживаат во добра храна, а на штандовите се приготвуваше и продаваше храна од секаков вид.
Оние кои присуствуваа уживаа со храна и се забавуваа со бендови и изведувачи од Битола.
Синоќа настапија група “За Мерак”, “Битолски Тамбураши“, Чупињата: Дона и Андреа, а вечер настапуваат “Е-мотион бенд“ & Симеон Тасев, Перо “Х Бенд“.
Текст и фото: Дамијана Ристевска











