Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: 46. издание на Фестивалот “Илинденски денови“ во Битола – празник на фолклорот и македонската песна (фото)

-Со “Комитското“ на Ракометно во Битола беше отворен, а со спектакуларниот концерт на групата “Фонтана“, насловен “Ноќ спроти Илинден“ и со врачување на наградите на најдобрите во преполнетата Хераклеја беше затворен 46. по ред фестивал “Илинденски денови“ во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. Со одлука на стручното жири, за најуспешна група на фестивалот во Битола, на кој во 2016 година учествуваа над 1.200 учесници во категоријата на фолклорни групи кои презентираа традиционална музика и игра беше прогласен фолклорниот ансамбл “Китка“ од Истибања.Со одлука на стручното жири, за најуспешен автор, штоподготвил сценска адаптација на фестивалот беше прогласен Валентин Соклевски од Битола, за сценската адаптација “Охридски староградски игри“, во изведба на КУД “Илинден“-Битола.Инаку, на годинашниот фестивал “Илинденски денови“, според сите присутни и учесниците, беше еден од најуспешните изданија одржани досега. Четири дена Битола беше во знакот на песната и орото, а “Илинденски денови“ го задржа интернационалниот концепт што истовремено му носи голема афирмација на Фестивалот низ Европа и светот, посочи тогаш, Борче Димитровски, директор на Центарот за култура-Битола.

Фестивалот за отворен го прогласи тогашниот пратеник Зоран Илиовски, во име на Собранието на Македонија, кој е главен покровител на “Илинденски денови“.Фестивалот на народни песни и игри “Илинденски денови“ е член на Светската асоцијација на фестивали, и според тоа овозможува дополнителна меѓународна афирмација на културниот настан, на Битола како град и на Република Македонија. Преку гостувањата на ансамблите од странство се овозможува афирмирање на фестивалот низ светот.Во 2016 година “Илинденски денови“ успеа да ги обезбеди атрактивните членови на ансамблите од Мексико, Шпанија, Северен Кипар и Турција, а настапија членови на културно уметничките друштва: “Срцето на Халиско“ од Гвадалахара – Мексико, ансамблот “Лагунта суна“ од Баракалдо, Шпанија, како и ДТА “Паргавелче“ од Шумен, Бугарија, ФА “Дегир менлик“ од Северен Кипар и ансамблот на народни песни “Таскопру“ од Кастамону, Турција.Фестивалот се одржуваше на неколку локации во Битола, Ракометното игралиште, Старата битолска чаршија, Ма газата, Хераклеја, Студентскиот дом, а секаде ечеше македонската песна и се играше македонското оро. Инаку, во рамките на фестивалот се одржаа и бројни придружни манифестации, како и ревија на народни носии.

More from ВестиMore posts in Вести »