Press "Enter" to skip to content

Фото вест: новинарот Димче Миновски го прослави 84 роденден

Ретки се лицата од Битола кои и во својата деветта деценија од својот живот и по пензионирањето продолжуваат да бидат активни, да творат, да помагаат, да бидат дел од општествениот живот на Битола. Еден од нив е Димче Миновски, новинар и доајен на битолското новинарство и неуморен хроничар на Битола, кој го прослави својот 84 роденден.

Пријателите од Сојузот на спортови Битола, пријатно го изненадија, му посакаа уште многу години да биде жив и здрав и да создава.

-Пријатно сум изненаден од моите, можам слободно да кажам, другари кои со мене се долги години. А, јас на сите ќе им посакам долг живот, да доживеат длабока старост како мојата, и да бидат активни на професионален план. Што се однесува пак до мојата работна активност, сакам прво да ги отпечатам книгите кои веќе се готови, а секако ќе продолжам да работам со мали работи.

More from БитолаMore posts in Битола »