-Повеќе од 1.000 мотори се паркираа во градскиот пар во Битола, а на мото хепенингот присутсвуваа неколку илјади битолчани и гости од Македонија, Србија, Грција…, а сите ниив ги забавуваа бендовите “POROCK“ од Србија и “STOPTON“ од Македонија.
Денес и вечерва љубителите на моторите и битолчани имаа прилика да уживаат во мирисот на бензин и изгорени гуми на мото соборот, кој по втор пат оваа година, го организира мото клубот “Конзули“ од Битола.
Градскиот парк во Битола попладнево и доцна во ноќта центарот на бајкерската сцена, во рамките на традиционалниот мото собир, вистински спектакл на мотори, музика и братство.
А на зборното место се собраа моторџии и моторџивки, млади и возрасни моторџии, на мотори “хонда“, “јамаха“, “сузуки“, мали и големи, на две или четири тркала…
Ромео Јовановски, лидер на МК Конзули од Битола вечерва не го криеше задоволството од организацијата на мото собирот, бројот на гости и атмосферата во Битола:
-Ова е втор по ред мото собир во Битола, во организација на мото клубот Конзули од Битола. Овој пат под мотото „Една страст, еден пат, едно братство“. Со оваа голрма огранизација и одлична атмосфера нашиот клуб МК Конзули уште еднаш ја потврдува својата репутација –Ride to Live, Live to Ride! Имаме повеќе од 1.000 мотори, толку возачи и многу совозачи на моторциклите. Во Битола го носиме кремот од мото клубовите во Македонија. Сите безбедно пристигнаа во Битола, го имавме дефилето низ битолските улици, а сега како гледата се забавуваме сите во одлична атмосфера.
Мото собирот започна во 17 часот, а сите учесници во Битола пристигнаа неколку часа порано и прошетаа низ Широк Сокак, а како ни рекоа дел од скопските моторџии да уживаа во саботното кафе и да ја почувствуваат кафе шемата.
-Ние сме секогаш одлично примени во Битола, членовите на мото клубот Конзули се наши големи пријатели и се заедно сме на сите мото собири во Македонија и пошироко. Им посакуваме уште многу вака организирани мото собири, на кои ние со задоволство ќе дојдеме.
На големата бина во Градскиот парк во Битола се појавика рок бендовите POROCK (Србија) и STOPTON (Македонија, а за сите присутне беше организирана храна, пијалок и секако, дружење до доцна во ноќт, со бајкерски игри и награди.
Организаторот обезбеди и слободен кампинг за сите што сакаат да останат под отворено небо, а голем број моторџии тоа и го искористија.
Мото клубот “Конзули“ додели и благодарници на истакнати свои членови и мото клубови кои редовно се учесници на мото собирите во Битола.
Организаторите на сите учесници и на останатите кои ги сакаат моторите им порачаа “Возете внимателно и пијте одговорно“.
Текст и фото: Сашо Ристевски
[ngg src=”galleries” ids=”2951″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ images_per_page=”31″]











