Press "Enter" to skip to content

Во населбата “Ушици“ во Битола, одбележан празникот Преображение Христово (фотогалерија)

-Во населба “Ушици“ во Битола пред параклисот се одбележа верскиот празник Преображение Христово, а кумови беа Оливер и Зорица Илиевски и синовите од оваа населба.Денес во прекрасно уреденото паркче на населба “Ушици“ во Битола по повод верскиот празник Преображение се освети вода во малото црквиче, параклис, на свечен начин се одбележа верскиот празник Преображение Христови, кој еден од осумте најзначајни верски празници.Голем број жители кои сплотени го уредуваа просторот околу параклисот, а кумови беа Оливер и Зорица Илиевски со синовите Миле и Стефан.Преображение и осветување на водата во “Ушици“ се одржува по втор пат со сите верски обичаи погача, вино, пченица и други посни колачи подготвени од вредните раце на домаќинките.  Сите други кои дојдоа исто така донесоа слатки, колачи, грозје… со и се приклучија и збогатија свечената посна трпеза, на која се разбира имаше грозје кое е свето овошје и според обичаите на овој ден се благословува и на овој ден започнува да јаде грозјето, според народните преданија.Отец Никола Неделковски, свештеник кој служи во овој дел на епархијата прочита делови од светото писмо, ги благослови и освети водата, погачата, пченицата и грозјето кое на овој ден според се благословува и на трпеазата има посебно значење.-Преображение Господово е еден од големите Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен. Според верувањата тогаш за првпат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Еве и ние денес ги направивме сите обичаи врзани за овој празник, трпеазата ни е богата, но посна како што налагаат обичаите. Сите сме возбудени многу бидејќи овие неколку дена сите ние на различен начин придонесовме за на овој ден се изгледа вака свечено и прекрасно ни рече Зорица Илиевски, кума за оваа година.Потоа кумовите им разделија од погачата, пченицата, грозјето на сите кои дојдоа. Исто така на крај се обрати кон присутните за новиот кум кој би сакал да се пријави за следната година.Се пријави Елена Лубура, која заедно со своето семејство идната година, секако со помош на комшиите ќе ја организира прославата на верскиот празник.-Преображение Господово е еден од големите Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен. Според верувањата тогаш за првпат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Еве и ние денес ги направивме сите обичаи врзани за овој празник, трпеазата ни е богата, но посна како што налагаат обичаите. Сите сме возбудени многу бидејќи овие неколку дена сите ние на различен начин придонесовме за на овој ден се изгледа вака свечено и прекрасно, рекоа домаќините.Празникот Преображение е голем празник кој ќе не зближува сите понатаму. Со поставување и осветување на водата во параклисот ќе се дружиме и за други празници, секако тука е Коледе кое ние во населбата го одбележуваме околу 70 години без ниту една година прекин, изјави Тоци Стојановски.-Овој празник некако не сплоти сите кои помагавме да се уреди просторот наоколу од како го поставивме овој мал параклис, како денес и како што беше вчера, секако како голем дел од овие летни денови ги поминуваме во уредување на паркчето, а параклисот ќе ги штити сите жители и домови во населбата “Ушици“ во Битола, порачаа жителите.Верските празници се оние кои ги сплотуиваат и зближуваат луѓето и народот. Тие не прават посилни и на тој начин со заедништво и слога се постигнува се. За крај само би додале стих прекрасната македонска поезија. Гане Тодоровски мудро напишал во песната „Нашинска“:-И покрај се и покрај се, колку сме, толку сме, токму сме!“

Ж.Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

[ngg src=”galleries” ids=”2959″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from БитолаMore posts in Битола »