Четвртата фестивалска вечер на „Фестивалот на музика од светот“ донесе поинаква музичка приказна, исполнета со емоции, традиција и звуци што ги поврзуваат Балканот и Ориентот. На сцената настапи групата „Мартеница“ од Турција, која преку својот препознатлив музички израз ја претстави убавината на турската, но и македонската етно музика. Групата “Мартеница“ од Турција која освен турска, презентира и македонска етно музика, дојде на Фестивалот на музика од светот со музичка енергија која се чувствува на целиот Балкан.
Четворицата музичари – Ремзије, Кан, Асли и Мурат, обединети од љубовта кон музиката, создадоа атмосфера во која традиционалните балкански мелодии се испреплетоа со ориенталните макам мотиви и современите музички интерпретации. Моќен вокал, хармоника, виолина и перкусии создадоа препознатлив звук што се движи од длабоки, емотивни мелодии до ритми исполнети со енергија.

Групата “Мартеница“ вечерва ги спои традиционалните балкански музички мотиви со звуците на модалната (макам) музика, создавајќи автентичен спој на традицијата и современиот музички израз, а нивниот репертоар опфаќа широк спектар музички расположенија – од длабоки и меланхолични песни до енергични ритми што повикуваат на танц.
Со своите интерпретации, Martenitsa создаден музичко патување низ балканските и ориенталните звучни традиции, во кое емоцијата и ритамот се испреплетија во единствена целина.
Утре, недела ќе се одржи 5. фестивалска вечер, кој битолчани со нетрптение ја очекуваат, а тоа настапот на Битолскиот дувачки оркестар под од раководство на Марјан Бакревски и легендарниот Драган Мијалковски еден од најпрепознатливите македонски гласови, со повеќе од шест децении богата кариера, во специјалното издание “Big Band Edition“ – музика што ги поврзува генерациите.
Битолскиот дувачки оркестар го носи својот препознатлив звук во “Big Band Edition“, концерт на кој македонските и странските безвременски композиции ќе прозвучат во богато оркестарско руво.
Некои гласови не се забораваат. Некои имиња се повеќе од музичка кариера – тие се дел од историјата на македонската музика.
Драган Мијалковски е уметник чии песни и интерпретации оставија неизбришлива трага во македонската музичка култура, а утрешнаат вечер ќе биде исполнета со препознатливи мелодии, раскошен оркестарски звук и музичка енергија што ги поврзува генерациите.
Зашто, некои песни никогаш не стареат, некои гласови никогаш не се забораваат, а вистинската музика секогаш ги поврзува генерациите.
Битола и утре ќе живее со музиката!











