Екипа на градежни работници деновиве може да се забележи како работи на поправка и санирање на оштетените гранитни плочки по Широк сокак.
Покрај тоа што ги поправаат граничните плочки кои при движење се поместуваат, градежниците вршат и замена на оние плочки кои имаат поголеми оштетувања.
Битолчани се надеваат дека поправката и санацијата на гранитните плочки ќе продолжи и на други места, не само на делот од хотел “Епинал“до ресторанот “Корзо“, туку и од Камен мост кон Аеро клубот, каде има поголеми оштетувања.
Но, исто така се надеваат дека ќе се стави крај на движето по оваа строго пешачка зона и амбиентална улица со автомобили и тешки товарни возила.