-Пред 10 години во Битола се случи изведбата на мјузиклот “Ева Перон“, а тогаш беше најавен и одржан како дел од проектот Битолска опера, во режија на Цветан Стојановски,
по сценографија на Зоран Николовски, двајцата од Битола.Мјузиклот на премиерата го гледаа над 800 гости, љубители на операта, културата, забавата, кои уживаа во премиерата, а наредниот ден имаше и реприза, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
За тоа овој мјузикл да привлече голем број на битолчани, кои го имаа исполнето платото и дворот на Офицерски, и дел од Широк Сокак, покрај тажната приказна беше и иклучителната сценографија на Офицерски, кој дополнително ја збогати целокупната изведба и беше покажана уникатност, несекојдневност, исклучителност.
Во мјузиклот беа ангажирани над 70 учесници. Ева Перон ја “играше“ Маја Митровска, Че – Нико Ѓоргиевски, Магалди – Игор Илиевски, љубовницата – Мартина Аврамоска и Лилјана Трајковска, низ музика на на Миодраг Нечак.
Ангажирани беа и хорот на Државното музичко училиште од Битола, ученици од Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола, ТСК “Степ“ – Битола и Детскиот хор “Ѕвончиња“.
Мјузиклот беше дел од битолското културно лето “Битфест 2012“.

Деновиве пред 10 години: прекрасна изведба на мјузиклот “Ева Перон“ во Офицерски (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: одземено возило “опел корса“ на Булеварот, со “пежо“ излетале од патот поврден сопатник, пронајдена стара граната
- Отворена “Спомен куќата на Гоце Делчев“ во Битола и одбележани 122 години од неговата смрт (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: средношколиците на протестен марш во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Реми на Пелистер во претпоследното коло против Силекс
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели