Викендов на патеката покрај Благоевград, Бугарија ќе се одржи отвореното првенство во мото-крос на кое се очекува да се појават стотина возачи од соседните земји, Македонија, Грција, Србија, Косово, Турција.
На оваа мото-крос трка ќе учествуваат и возачите на Ноќни волци од Битола, Борче Костов – Жолтио и Гоце Томовски од Скопје.
За оваа трка Костов вели:
-Ова ќе биде промоција на новата патека покрај Благоевград, која е направена оваа година. Се очекува на отворањето на патеката да се појават сите возачи кои возеа на Источно европското и Балканското првенство. Поради тоа што ова е прво возење на оваа нова патека нема да има фаворите, туку сите тргнуваме од нула. Утре имаме тренинг квалификаии сите класи, а в недела и офоцијалната трка. Очекувам да бидам помеѓу првите петмина во мојата класа.
Инаку, Костов оваа сезона се појави на пет трки од Источно евриопското првенство, и е пласиран на четврто место.
Додека возачите се натпреваруваат на меѓународни трки, за жал се уште се нема одржано трка во домашното првенство, за кое можеби ќе нема ниту рангирање.
С.Р.