Најавите од фудбалска Битола се остваруваат. Неделава Пелистер промовира искусни засилувањата за враќањето во Првата фудбалска лига. Денешното силно ќе ги израдува „Чкембарите“, бидејќи зелено-белиот дрес повторно ќе го облече поранешниот репрезентативец Мирко Ивановски.
34-годишниот Ивановски повторно ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, каде што дебитираше во нашиот дрес и ја освои титулата со Македонија Ѓорче Петров. Ивановски е еден од фудбалерите со најдолг интернационален стаж во нашата земја. Тој настапуваше за шест романски клубови: Петролул, Клуж, Астра Ѓурѓу, Конкордија, Динамо Букурешт и Тунари.

Неговиот фудбалски пат го водеше во Чешка, Полска, Турција, Хрватска, Унгарија. Настапуваше за: Славија Прага, Арка Гдиња, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо, Хајдук, Диосѓер… За македонската репрезентација има 27 натпревари, а настапуваше и за сите младински селекции. Тој веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб и започна со тренинзи со фудбалерите на Пелистер.
Мирко Ивановски денес се обврза на потпис на договорот со матичниот клуб и неговото враќање посебно го радува нашето фудбалско семејство и армијата навивачи“, велат во соопштението на ФК Пелистер од Битола.














