Press "Enter" to skip to content

Битолчани се израдуваа Еурофарм Пелистер освои бод голем како планина (фотогалерија)

По лошиот старт на Еурофарм Пелистер и трите порази вечерава изиграа реми против големиот фаворит Спортинг Лисабон. Иако по голот дојдоја во последните секунди со голот на Павле Атанасијевиќ сепак ракометарите и публиката можат да жалат бидејќи во поголемиот дел од натпреварот имаше водство. Имавме добар меч, криво ни е што не го добивме на натпреварот. Последните 60 секунди извадивме бод. Многу вреди за нас. Голем колку планина. Не е толку големо чуството што јас го дадов, туку среќата е поголема кога е тоа дело на целиот колектив, вели Атанасијевиќ. 

Сега Еурофарм Пелистер е на 6 место во група  “А“ и заостанува три бода во однос на Веспрем и Фуксе Берлин. Во следното коло од ЛШ макеоднскиот шампион гостува во Полска кај Висла, а потоа го пречекува Веспрем. Низ фотографии погледнетеја атмосферата низ публиката на вечерашниот натпревар.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »