-Иако тогаш не верувавме дека тоа се случува, а се беше под знакот неофицијално без многу помпа и бомбастички најави, надвор од фокусот на битолската јавност “Кромберг и Шуберт“ започна да го уредува просторот за по четокот на изградбата на втората фабрика во Битола на оваа германска корпорација, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Со ова во индустриската зона “”Жабени“ во јуни 2016 година почна изградбата на втората фабрика на “Кромберг и Шуберт“ на втората парцела, која уште пред неколку години ја купи германската корпорација која е од најпознатите во светот, во која ќе се конфекционираат кабли за автомобилската индустрија.
Просторот каде што сега е изградена фабриката го уредуваше турската градежна компанија
“Пера констракшн“, која учествуваше во изградбата на првата фабрика на “Кромберг и Шуберт“. На стартот на работите, дневно на просторот каде што ќе биде изградена новата фабрика, се одложуваат по нај малку 1.000 метри кубни тампон, а потоа ќе бидат поставени темелите на втората фабрика.
Тогаш беше речено дека во втората фабрика, инвестиција ќе бидат вработени најмалку 1.500 нови работници. Задоволни од работењето на првата фабрика на “Кромберг и Шуберт“, сопственикот на германската компанија Хан Ото Кромберг, одлучил да изгради уште една фабрика во непосредна близина на првата фабрика.
Инаку, во јуни 2016 година во првата фабрика на “Кромберг и Шуберт“ се вработени околу 3.000 работници, кои работат во три смени.

Деновиве пред 10 години:“Кромберг и Шуберт“ стартуваше со изградба на уште една фабрика (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии
- Деновиве пред 10 години: 37. издание на Фестивалот “Браќа Манаки“ – “Златна камера 300“ за Јани Петери – Паси (фото)
- Деновиве пред 10 години: свеченото отворен Рускиот конзулат во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: битолчанка физички нападната од сопругот со кого се разведувала
- „Жени во кинематографијата“ на фестивалот „Браќа Манаки“: Менталното здравје, границите и конфликтите во фокусот на WIC панелот
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола










