-Иако љубителите на ракометот во Битола на реванш средбата од третото коло од Челинџ купот, отпатуваа без некоја поголема надеж за пласман понатаму, ракометарите на Пелистер им приредија пријатно изненадување, кои не го очекуваа ни најголемите оптимисти. Македонскиот претставник во Челинџ купот, екипата на Пелистер од Битола, забележа голема победа на гостувањето кај Вогошча (28:25) и се пласира во наредната рунда од Челинџ купот, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Битолските “зелено-бели“ беа отпишани по поразот на домашен терен (21:23), меѓутоа во БиХ тие успеаја да ја надополнат негативата, да дојдат до посакуван триумф од три гола кој ги носи во наредна фаза, односно презимување во Челинџ купот. На одморот нашиот претставник имаше негатива од -2 (16:14). Во вториот дел ракометарите на Пелистер главната разлика ја направија на две минути пред крајот, а потоа следеше промашен напад на Вогошча и нов гол на Пелистер преку контра, за конечни 25:28 и голема радост.
Најзаслужен за победата на битолчани беше Бојан Маџовски со 6 гола, Везенковски по стигна 4, а Рајатовски, Чантурија и Димитровски по три пати се запишаа во листата на стрел ците. Со победата во БиХ, Пелистер се пласира во четвртото коло на Челинџ купот.
-Екипата на Вогошча е поискусна од мојата, но тие имаа проблем со ротацијата на играчи. Точно и тоа го одлучи натпреварот, нашата подолга клупа во моментите кога се кршеше резултатот дојде до израз. Вогошча во игра ја држеа поединци, но за денес беше потребно повеќе од тоа. Јас едноставно бев сигурен дека Вогошча не може да не совлада двапати во седум дена, изјави тогаш, тренерот на Пелистер, Касим Каменица, по завршувањето на реваншот во Сараево.

Деновиве пред 10 години: Ракометарите на Пелистер продолжија во Челинџ купот (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Традиционална битолска вечер во Скопје, отворена со “Чија си“ на Славе Димитров (фото+видео)
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер ја обнови својата клубска слава Митровден
- Деновиве пред 10 години: Милица Шперовиќ – Рибарски, добитник на наградата за животно дело на Битола за 2016 година (фотогалерија)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »










