Press "Enter" to skip to content

“И Боговите имаат интернет” на Сања Мучкајева Видановска промовирана во Битола (фотогалерија)

На отворен простор пред Центарот за култура – Битола, со физичка дистанца и заштитни маски според препораките од Министерството за здравство, синоќа беше промовирана новата книга на писателката м-р Сања Мучкајева Видановска со наслов „И Боговите имаат интернет”.
Овој роман претставува дисекција на општеството во кое живееме, односно денешницата, споредено со едно друго исчезнато време на социјализмот, идеализмот и романтизмот, за Битола, но секако и за други градови.Затоа и самата нарација не е рамномерна, туку е паралела на две различни општества, времето на социјализмот прикажано низ дневникот на една тинејџерка и времето на денешницата во кое интернетот навлегува во голем дел од животните вредности во Битола.
-Саркастичното прикажување е составен дел низ композициската конструкција, каде и иронијата има своја функција во однос на се она што не опкружува и што често раководи со нашето секојдневие. А, секојдневието се надоврзува од ден во ден, и сето тоа се заокружува со годините на транзицијата и вртењето во круг на генерации зафатено во тој круг, рече авторката на книгата.
Сања вели дека оваа книга е напишана за секоја генерација, која можеби ќе се пронајде и во едното и во другото време.
-Првото напишано во форма на дневник од една тинејџерка, а другото опишано од средовечна мајка, која живее во сосема поинакво време од нејзината младост, време во кое И БОГОВИТЕ ИМААТ ИНТЕРНЕТ,  додаде таа.
Книгата е во издание на издавачката куќа Матица македонска. Инаку, „И Боговите имаат интернет” е седмо дело на Мучкајева Видановска.Мартин Николовски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »