Press "Enter" to skip to content

Во исцрпувачки натпревар во Битола победа на Пелистер Волеј против Јанта (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Јанта Волеј Форца 3:2 

22:25, 25:20, 22:25, 25:20, 15:09

Во салата на Медицинското училиште во Битола во рамките на 10. коло од втората фаза на Првата лига на Македонија екипата на Пелистер Волеј ја победи екипата на  Јанта Волеј Форца, со натпревар во кој одбојкарките од Битола се бореа за секоја топка, за секој поен, за секој сет.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски за овој натпревар во кој неговите избранички забележаа вредна победа рече:-Дома во Битола, на наш терен одигравме тежок и исцрпувачки натпревар, кој траеше повеќе од два часа, со многу резултатски и играчки престврти, натпревар во кој имаше многу одбојка. Одбојкарките максимално се вложија во овој натпревар и на два пати се враќаа во игра, по првиот сет кој го добија гостинските, потоа и по резултат 1:2. На ркајот во петтиот сет одигравме со многу желба за победа и покажавме квалитет и какрактер и победивме. Голема и важна победа за Пелистер, која ако ја однесеш гостинската екипа немаше да биди незаслужено, што само говори за убавата игра на двете страни.Во одличното издание девојките од Битола поените денес ги освоија: Ева Трпеновска 22, Ана Пејовска 13, Ивана Белокозовска 11, Стефани Најдановска 10, Меланија Каралиоска 9 и Михаела Цветановска 3.

[ngg src=”galleries” ids=”681″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »