Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола ја известува јавноста дека при последното тестирање на ковид-19, неопходно за патувањето на екипата во Магдебург, тренерот на екипата Жељко Бабиќ е позитивен на ПЦР тестот. Се работи за асимптоматски случај и Бабиќ веќе е во карантин.
Наместо него екипата во Магдебург ќе ја водат неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколески.
Бабиќ ќе ги пропушти и натпреварите против Младост Богданци (Куп) и Татран Прешов (СЕХА лига).








