Press "Enter" to skip to content

Илче Трајковски од Битола, вицешампион на мастерсот во билјард во Скопје

Во Скопје во “Гран клуб“ започна сезоната во билјард, сезона 2021 година и за прв пат ќе се игра Државното првенство во една календарска година во којаа играчите квалитативно се поделено во “А“ и “Б“ дивизија, а ќе се натпреватуваат играчи од Битола.

Натпреаврувачите од Битола настапија во двете конкуренции и тоа четворица во “Б“ и тројца во “А“ дивизијата.  Играчите во “А“ дивизијата играа дисциплина “8-ка“, а во “Б“ дивизијата во дисциплина “Мултибол“.

Најсветла фигура во битолскиот тим беше Илче Трајковски кој го освои високото второ место во трилер натпревар со големиот пријател на битолските играчи Дарко Ацески, а притоа промашувајќи меч топка за победа, но и покрај тоа најавува кандидатура за највисок пласман.

Вториот играч, Тино Бојаџиев, имаше блесок победувајќи го минатогодишниот шампион но тоа беше од него.

Горан Думевски беше најголемото разочарување губејќи катастрофално во млитава и безидејна игра.

Забележителен настап имаа и битолските играчи Димитар Симовски со две победи, нај искусниот Наум Гулевски со 2 победи, големиот борец Тони Петровски – поранешен апсолутен шампион во “бодибилдинг“ на Македонија со две победи и Христо Василевски кој својот потенцијал го најави во тесниот пораз од прекланскиот шампион во севкупна конкуренција.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »