Тоа што беше најавено од страна на Управата на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола дека ќе има ново засилување пред плеј-офот, кој екипата го има безбедено се оствари.
Никола Силаџи, 28-годишниот српски кошаркар доаѓа во Пелистер од екипата на Кожув и ќе му се стави на располагање на тренерот Марјан Илиевски на восоките позиции.
Силаџи е висок 205 сантиметри, кој e роден во Нови Сад, а настапувал за Вршац, Раднички Нови Београд, ФМП Железник и клубови од Словачка и БиХ. Силаџи сезонава е најдобар кошаркар на Кожув, со просек од 17,8 поени и 6,6 скока на 16 одиграни натпревари.
Со ова засилување не е завршен преодниот рок на битолчани. Се очекува уште едно ново име, покрај веќе доведените годинава Арсовски и Николиќ.








