Магдебург – Еурофарм Пелистер 35:24 (14:9)
Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола, денес ги заврши настапите во Европската лига, а поразен е на реванш осминафинале натпревар од Магдебург. Вечерва “пелистерци“ претрпеа висок пораз од 35:24, полувреме 14:9.
И овој пат екипата од Битола не беше комплетна, а беше и без првиот тренер Жељко Бабиќ, кој поради коронавирус е во карантин во Битола.
“Пелистерци“ во реваншот поквалитетно и поконцентрирано отворија против големиот фаворит, што донесе неизвесност во првите 15 минути. Но, како се ближеше крајот на првиот дел, така Магдебург го зголемуваше своето водство и на пауза замина со комотни 14:9.
И во вториот дел, започна во знак на домаќинот кој играше посериозно и до 35. минута резултатот изнесуваше 18:11, а натпреварот заврши со 11 гола разлика.
Кај Пелистер најефикасен беше Мандалиниќ со седум гола, а Маџовски постигна пет гола, а Граџан три гола.








